[Видео] Aнгелите од фавелите на Рио де Жанеиро и нивниот креатор

Уличната уметност е насекаде низ Бразил, особено во големите градови како Сао Паоло и Рио де Жанеиро. Секаде каде што има ѕид, има и уметност.

Маркос Родриго Невес сега има 31 година и во јавноста е познат како Варк Рочина (Wark Rocinha). Тој започна со цртање на ѕидовите во неговото соседство во Рочина, најголемата фавела во земјата, пред 14 години. Неговиот препознатлив лик на нацртан ангел сега може да се види насекаде во градот и околината.

„Тоа е одлично бидејќи преку ангелот имам дијалог со градот. Така можам да зборувам за љубовта, семејството, социјалните прашања, политиката, за се“, вели Маркос.

Работата на овој уличен уметник веќе добива признание и тој сега може да се заработи од неговата уметност.

„ Омиленото место каде што најмногу сакам да сликам се фавелите, тоа е местото каде што живеев целиот мој живот, каде што е родена мојата уметност. Во фавелата мојата работа е бесплатна, но во убавите соседства наплаќам за сликање во внатрешноста на домовите на богатите луѓе“.

На само неколку дена од пристигнувањето на олимпискиот оган во Рио, Маркос е избран да биде еден од носачите на пламенот преку Рочина. Погледнете ја прикавната за уличниот уметник во видеото на БиБиСи.