[Видео] Американските ученици учат како да им се спротивстават на вооружени напаѓачи

Соочени со ужасот на масовните убиства во училиштата и на универзитетите, неколку американски држави започнаа програми на тренинзи и вежби во кои учениците учат како да му се спротивстават на напаѓач, доколку тој се појави во нивното училиште. Само од почетокот на годинава, во САД се случиле 52 вакви напади, во кои загинале 30, а ранети се 53 луѓе. Од почетокот на 2013, бројот на овие напади изнесува 149, што е речиси еден неделно.

Ваквите програми за тренинг наидоа на отпор кај дел од родителите, затоа што во нив се промовира „активниот“ пристап, односно учениците и студентите се охрабруваат да го совладаат вооружениот напаѓач.

Schools are teaching their students how to deal with active shooters.

Posted by INSIDER on Thursday, October 8, 2015