[Видео] Активистите против рудникот Иловица најавуваат протести додека „Еуромакс“ не се повлече

Вербалните навреди кои меѓу себе си ги упатуваат невладините организации, противници за отворање на рудникот Иловица – Штука и претставници на компанијата – концесионер „Еуромакс“ се заоструваат. Тие се обвинуваат за ширење на лажни вести и за профитерство на сметка на здравата животната средина.

Во новиот видео-поткаст на ResPublica дискутираат Костадин Ристоманов, еден од предводниците на протестите во Ново Село и Босилово и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.