[Видео] Активисти повикаа да се стави крај на трката со бикови во Памплона

Група демонстранти протестираа во Памплона, главниот град на шпанската провинција Навара, каде секоја година се одржува трка со бикови како дел од фестивалот Сан Фермин. Тие се соблекоа, поставија рогови на нивните глави и се покрија со црвена боја.

Активисти на светската организација Луѓе за етички третман на животните (ПЕТА) и АнимаНатуралис го предводеа протестот. Активистите ставија боја на своите тела повикувајќи на фестивал „без крв“.

Речиси 10 демонстранти држеа плакати на кои со црвена боја беше испишано „биковите умираат со крвава смрт во Памплона“.

Трките со бикови секоја година добиваат критики од активистите за права на животните, кои повикуваат да се стави крај на фестивалите како што е „Сан Фермин“. При трките, луѓето кои учествуваат треба да ги претрчат биковите кои се пуштаат низ градските улици.

Шеснаесет луѓе беа убиени во трките почнувајќи од 1911 година, а последниот учесник починал во 2009 година.