[Видео] Активисти одзедоа куче од бездомник во Париз, реакции на интернет

Француското здружение за заштита на животните „Cause Animal Nord“ е мета на остри критики на социјалните мрежи откако почна да се споделува видео на кое се гледа како активисти му одзедоа куче на бездомник во центарот на Париз.

Во видеото бездомникот се спротивставува да го даде кучето, но ја губи битката откако тројца активисти на Здружението, вклучувајќи го и претседателот на Здружението, го зема кучето и заминува.

Овој настан набрзо беше осуден од медиумите и интернет корисниците. Голем дел од нив ги искористија социјалните мрежи за да го искажат својот револт, останатите пак оставија критики на официјалната Фејсбук страница на организацијата.

Меѓутоа, претседателот на организацијата Antony Blandhard е познат веќе по своите расистички ставови. Тој неодамна пиша писмо до францускиот претседател во кое вели дека премногу им се даваат пари на бегалците и на Ромите.

Според францускиот закон, ваквите здруженија немаат право да одземат животно без согласност од сопственикот ако немаат налог.

Здружението во своја одбрана изјавило дека кучето било под дејство на лекови, но дека не успеале да обезбедат медицински докази. Во средата, Здружението објави фотографија од кучето на која пишувало дека може да се купи за 217 долари, но подоцна фотографијата била тргната.