Во двеминутно видео, активисти од Балканот и Европа упатија порака со поддршка за неформалното движење Протестирам и Шарената револуција.
„Ве поддржуваме кога протестирате против корупцијата и авторитарниот режим. Ве поддржуваме кога се борите за правда, еднаквост и слобода! Ве поддржуваме кога ги штитите европските перспективи на Македонија“ се вели во видеопораката.