[Видео] Активисти и доктори дискутираа за рекреативна употреба на дроги

Социологот и активист Ивана Драгшиќ, активистот и правник од Коалиција Маргини, Драгана Дрндаревска и д-р Дарко Костовски – психијатар, вчера во клубот ГЕМ дадоа свои ставови, искуства и предлози на тема „Рекреативна употреба на дроги“.

Панел-дискусијата беше организирана од ХОПС, во склоп на кампањата „Support. Don’t Punish“, а целта беше да ги опфати наjважните моменти од употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети.

Модератор на панел дискусијата беше Давор Смиланов – доктор на медицина и долгогодишен соработник во ХОПС и намалувач на штети.

Целиот стрим од настанот може да го погледнете подолу: