[Видео] Активисти ги оставаат амбалажите од производите како одговор на прекумерната пластика

Група активисти од Сомерсет решија да преземат акција во свои раце против прекумерната пластика што се употребува во супермаркетите.

Тие посетија локален супермаркет каде откако купија производи, зад себе ги оставија амбалажите.

Нивната цел е како што велат, да ја променат политиката на супермаркетите во однос на непотребната употребата на пластика.

Поддршка добија од голем број луѓе во светот.