[Видео] 3-ка за животот во студентски дом

Со „добар 3“ студентите го оценија квалитетот на живот во студентски дом, покажа истрaжувањето на Младинскиот образовен форум за животниот стандард во студентски домови „Пелагонија“ – Скопје, „Кочо Рацин“ – Битола и „Браќа Миладиновци“ – Штип. Пандемијата дефинитивно го смени животот во домовите, но тие и понатаму остануваат главното живеалишта на голем број студенти што студираат надвор од родното место.

Затоа и оваа емисија ја посветуваме на студентските домови, а во неа гостуваат студентите Сара Николовска и Благојче Трошевски, Сара Симоска од МЕЛЕЕМ и Петар Барлаковски од МОФ.