[Видео] 3.281 дрон над Шангај – постигнат нов Гинисов рекорд

Вкупно 3.281 беспилотно летало координирано летна над Шангај минатата недела во облик на логото на „Генезис“, марка на луксузни возила на „Хјундаи“.

Ова претставува нов Гинисов рекорд, а се случило за време на прославата за доаѓањето на брендот во Кина.

Покрај логото, дроновите направиле уште неколку форми:

Рекордот претходно го држеше компанијата „Shenzhen Damoda Intelligent Control Technology“, која користеше 3.051 беспилотно летало на 20 септември.

Пред нив, пак, рекордот припаѓаше на „Интел“ со 1.218 беспилотни летала кои беа поставени во форма на олимписките прстени над Пјонгчанг по повод Зимските олимписки игри во 2018 година.