[Видео] 11 TED-говори со паметни совети за работата

Избор од говори на експерти од TED-конференции, во кои се даваат паметни совети за подобрување на атмосферата на работното место, зголемување на продуктивноста и креативноста во работата.

Консултантката Nilofer Merchant предлага мала идеја која може да има големо влијание врз животот и здравјето: следниот пат кога имате најавен состанок или средба „еден на еден“ со некој важен, направете ја „шетачка средба“, појдете на куса прошетка и дозволете идеите да течат додека чекорите и разговарате.

Yves Morieux објаснува зошто луѓето се чувствуваат толку очајно и отуѓено на работното место. Денешните бизниси постојано стануваат се покомпликувани, а традиционалните столбови на менаџментот се надминати, вели Morieux. Така, задачата на справувањето со растечката поврзаност на вработените и нивните задачи паѓа врз нив самите. Во овој енергичен говор, Mоrieux нуди шест правила за „паметна едноставност.“ (Правило број еден: Сфатете што е она што го работат вашите колеги).

Веруваме дека треба да работиме за да бидеме среќни, но може ли ова да е обратно? Во овој интересен говор, психологот Shawn Achor ја зазема позицијата дека, всушност, среќата ја инспирира продуктивноста.

Simon Sinek има едноставен, но моќен модел за инспиративно водење, кој започнува со создавање „златен круг“ и со прашањето „зошто?“. Неговите примери ги вклучуваат Apple, Martin Luther King и браќата Wright.

Повеќето луѓе инстиктивно избегнуваат конфликти, но како што ни покажува менаџерката и писателка Margaret Heffernan доброто несогласување е клучно за напредокот. Таа илустрира (понекогаш спротивно на интуицијата) како партнерите не се ехо-соби – и како големите тимови за истражувања, врски и бизниси им дозволуваат на луѓето да не се согласуваат.

Jason Fried има радикална теорија за работењето: според него, канцеларијата не е добро место за оваа активност. Во неговиот говор, тој ги изложува главните проблеми (нарекувајќи ги M&Ms) и нуди три предлози за да се направи работата да функционира.

Епидемија на лоши, неефикасни и пренатрупани состаноци го обзема светот на бизнисот и ги доведува до очај работниците. David Grady има некои идеи за тоа како да се запре овој тренд.

Говорот на телото го засега начинот на кој другите не гледаат, но исто така може да го смени начинот на кој самите се гледаме себеси. Социјалниот психолог Amy Cuddy покажува како „моќното позирање“ – стоењето во став кој зрачи со самодоверба, дури и ако не се чувствуваме сигурни, може да ги подигне нивоата на тестостерон и кортизол во мозокот, па дури и да има влијание врз нашите шанси за успех.

David Logan зборува за петте видови племиња што луѓето природно ги формираат – во училиштата, на работните места, дури и во авто-школите. Со разбирањето на нашите заеднички племенски тенденции, ние можеме да си помогнеме едни на други да станеме подобри индивидуалци.

Светот е полн со програми за лидерство, но најдобриот начин да научиме како да водиме можеби ни е пред носот. Во овој чист, интересен говор, Roselinde Torres опишува 25 години опсервација на вистински големи лидери и ги споделува трите едноставни, но критично важни прашања што претендентите на високи позиции треба да ги запрашаат сега, за да успеат во иднина.

Во овој краток говор, основачката и главен уредник на Huffington Post, Arianna Huffington споделува една мала идеја што може да разбуди многу поголеми: моќта на доброто спиење. Та не поттикнува да ги затвориме очите и да ја видиме „големата слика“: наспивањето може да биде клучно за зголемената продуктивност и среќата, како и за попаметно донесување одлуки.