[Видео] 10 креативни идеи во конкуренција за „Social impact awards 2017“

Ви ги пренесуваме видеата од 10-те финалисти на изборот за најдобро иновативно решение во социјалното претприемништво „Social impact awards 2017“.

Наградата за социјално претпримеништво претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Македонија. Целта е и младите да ја материјализираат својата почетна идеја во вистински бизнис, но и да искусат како е да се биде социјален претприемач кој е во позиција директно да влијае на својата локална заедница.

Еве ги 10-те најдобри идеи. Гласањето трае до 27 септември.

As good as new

Во време кога стапката на невработеност во Македонија е 23.1%, а само 50% од младата популација е вработена, визијата на проектот „As Good As New“ е придонес за општеството преку собирање приход од отпад од електрична и електронска опрема.

Аv Av happy dog center

„AvAv Happy Dog Center“ е проект кој ќе обезбеди заштита на правата на кучињата преку привремено засолниште и негување на бездомни кучиња, а истовремено бизнис моделот ќе генерира исходи преку забавен парк за кучиња, продавници за кучиња, хотел за кучиња, дневна нега и кафуле за сопствениците.

Coterie – the art of up-cycled clothes

„Coterie“ произведува оригинална и единствени облека од реупотребувани парчиња и текстилен отпад. Производот ќе се прави од невработени жени, а подоцна и студенти од стручни училишта.

Enchanter heart

Проектот „Enchanter heart“ ќе ги поддржува и застапува правата на лицата кои страдаат од ментални нарушувања и работи во насока на враќање на нивното здравје и вклучување во општествените интеракции.

Recycle and get a bonus

Едen литar употребувано масло за готвење содржи енергетски еквивалент на 160 часови работа на лаптоп или 4 часа користење рерна, па „Recycle and get a bonus“ цели кон рециклирање на искористеното масло за заштита на средината и и одржлив бизнис.

GG- grid from gym

„GG- grid from gym“ е алтернативна сала за вежбање со справи кои продуцираат енергија. Вишокот струја би се донирал за семејствата кои немаат доволно средства да си ги покријат сметките за струја.

Logopedika

Идеја на „Logopediкa“ e да дизајнирa прототипови на говорно-терапевтски материјал на македонски и албански, а потоа и на други јазици. Маеријалите ќе бидат произведени во Македонија, од корист и за логоперите и за родителите соработници.

Food for everyone

„Food for everyone“ ќе овозможи да се информирате и купите приготвена храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот (за цени пониски и до 80% од регуларните).

YouAreNotAlone

„YouAreNotAlone“ е дизајниран како онлајн платформа за да поврзува младите луѓе со професионални психолози и лекари. Целта е да се разбие социјалната стигма и дискриминацијата околу менталното здравје во Македонија.

Sozdadi.mk

„Sozdadi.mk“ е првата регионална платформа за Е-трговија за поддршка на претприемништвото во Македонија, а воедно и онлајн пазар за продажба на добротворни производи, овозможувајќи помош меѓу луѓе од различни страни на светот.