[Видео] 1 007 роботи поставија нов рекорд во синхронизирано танцување

За време на фестивалот на пивото Кингдао во Шангдонг, Кина, 1 007 роботи ги покажаа своите потези и поставија нов Гинисов рекорд, за најголем број на роботи кои танцуваат синхронизирано.

Кинескиот комјутерски инженер Евер Вин е организатор на настанот, на кој роботи високи 43,8 цм, од моделот QRC-2 беа контролирани од еден паметен телефон и танцуваа синхронизирано без да паднат цела минута. Со ова, тој го надмина поранешниот рекорд од 540 роботи танцувачи.