Vice отвора свој телевизиски канал

Vice и A+E Networks го најавија зпаочнувањето со работа на Viceland, 24-часовен канал, кој ќе почне со емитување идната година.

Viceland ќе го замени Н2, канал во сопственост на A+E Networks, а ќе се дистрибуира од прилика во 70 милион домаќинства.

Spike Jonze, филмски режисер и долгогодишен соработник на Vice, ќе го надгледува развојот на Viceland. На прес конференција во вторникот изјавил дека новиот канал ќе биде повеќе од „колекција на шоуа“.

„Нашата мисија со каналот не е поразлична од нашата мисија како компанија: се обидуваме да го разбереме светот во кој живееме преку продуцирање на репортажи за нешта за кои сме љубопитни, збунети, или мислиме дека се смешни“, вели Jonze. „Ако нешто нема силна перспектива, тогаш не треба да биде на овој канал“.

Vice веќе продуцира документарци, шоу на телевизијата НВО и неколку видео серијали преку своите дигитални мрежи. Културата и животниот стил ќе бидат фокусот на Viceland, наместо покривањето на вести и светска политика. Програмата во ударниот период ќе вклучува емисии како Gaycation со актерката Ellen Page, Huang’s World со готвачот Eddie Huang, музичкото шоу Noisey и Vice World of Sports. Сета содржина ќе биде продуцирана и снимана искучиво во рамките на телевизијата.

Коосновачот и извршен директор на Vice, Shane Smith, во октомври за CNBC рече дека компанијата планира да лансира десетина мрежи во Европа и дека телевизијата претставува уште една платформа за рекламен простор, заедно со онлајн и мобилната. Додал и дека приходите од телевизијата би можеле да се искористат за развој на мобилниот бизнис на Vice, кој е многу потешко да се наплати.

Извор: Huffington Post