Ветроелектраните и соларните панели произведуваат 10% од електричната енергија во светот

Ветроелектраните и соларните панели во првата половина на 2020 година произвеле 10% од електрична енергија во светот, додека производството на енергија од јаглен паѓа, пренесува хрватски „Индекс“.

Научниците предупредуваат дека во наредната декада се потребни поголеми намалување на стакленичките гасови во енергетскиот сектор како би се ограничиле клииматските промени и нивните негативни последици, како што се поплавите, сушите и загубата на биодиверзитетот.

Производството на струја од ветроелектраните и соларните панели во првата половина на 2020 година порасна за 14 проценти во однос на истиот период претходната година, додека 8.3 проценти помалку електрична енергија била од електраните на јаглен, се вели во извештајот на независниот енергетски тинк-тенк „Ембер“.

Севкупно, побарувачката за електрична енергија во првите шест месеци од пандемијата на коронавирусот падна за 6 проценти, стои во извештајот.

И покрај падот, електраните на јаглен се уште произведуваат 33 проценти од светската електрична енергија.