Ветерните фарми во Шведска произведоа струја колку три нуклеарни станици во изминатата недела

Шведска генерираше повеќе енергија од ветер од било кога порано. Речиси 5,7 милиони киловат-часови струја беа генерирани благодарение на бурата Урд, која донесе интензивен ветер на југот на државата. Тоа го надмина претходниот рекорд, поставен пред една година.

„Екстремно ветровитото време во последните неколку дена значеше дека ветерниците произведуваат струја колку пест нуклеарни станици. Шведскиот ветер никогаш досега немаше произведено толку многу“, вели Андерс Енгквист, директор за менаџмент со ризици во Биксија, за локален весник.

Бурата Урд го погоди југот на Шведска во текот на католичкиот Божиќ, а траеше неколку дена. Некои делови од земјата претрпеа ветришта со сила на ураган, но ветерните фарми имаа одлично производство благодарение на нив.

Огромната количина на енергија која беше произведена сочинува 26 проценти од вкупната потрошувачка на струја во цела Шведска.

Освен што е произведена на еколошки и обновлив начин, оваа голема количина струја ја намали и цената на струјата за третина.