Веста за „телевизиското изгрејсонце“ во Пекинг била лажна

Изминатиот викенд, оваа фотографија од плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг се прошири по социјалните мрежи, откако британски „Daily Mail“ објави дека станува збор за проекција на зајдисонцето за граѓаните, кои од смогот и загадувањето не можат да го видат сонцето во живо.

Веста за „телевизиското изгрејсонце“ во Пекинг била лажна

Веста ја пренесоа некои од најпознатите светски медиуми, а таа стана вирална само неколку часа по објавувањето. Наводно, властите се свртеле кон ваков потег во желба да им овозможат на жителите на Пекинг да го видат сонцето, макар и во виртуелна форма.

Сепак, според последните информации од Кина, ова не е точно. Снимката на изгрејсонце навистина се пушта на големиот екран, но стои само неколку секунди, затоа што таа е дел од промотивна кампања за туризам во провинцијата Шандонг, изработена од кинеската влада. Фотографот (наведен како вработен во агенцијата ChinaFotoPress) едноставно сликал во моментот кога на екранот одел кадарот од црвеното зајдисонце. Ако погледнете повнимателно, во десниот агол од екранот се гледа и логото со грбот на провинцијата Шандонг.

Извор