Најстариот дневен весник во Чикаго, „Чикаго сан-тајмс“ е продаден на група инвеститори.
Весникот почна со работа во 1844 година и досега негови новинари добија осумпати Пулицерова награда.
Весникот не објави детали за зделката, но според конкурентот „Чикаго трибјун“, продажбата е склучена за еден долар.
Истиот весник објави намера да го купи „Чикаго сан-тајмс“, но му беше забрането од Министесртвото за правда поради сомневање за локален информациски монопол.
Дури и цената за купувањето да била симболичен еден долар, инвеститорите треба да платат 11,2 милиони долари за да продолжи работата на весникот, соопшти „Чикаго сан тајмс“.
Во 2011 година „Чикаго сан тајмс“ беше купен за 20 милиони долари.