Весници во Австралија ги затемнија насловните во протест

Најголемите весници во Австралија покажаа редок пример на солидарност објавувајќи насловни страници со редактиран текст во протест поради рестрикции врз слободата на медиумите.

Покрај затемнетиот текст, десетиците весници од компанијата „Њуз Корп Австралија“ објавиле и црвен печат при врвот на страницата на кој пишува „строга тајна“.

Протестот е насочен кон законите за национална безбедност за кои новинарите сметаат дека го попречуваат известувањето и создаваат „култура на тајност“ во Австралија.

Голем револт предизвикале полициските акции од јуни кога беа проверувани просториите на „Еј-Би-Си“. Медиумските организации сметаат дека акциите биле направени поради стории кои биле засновани на протечени информации од „свиркачи“. Една од нив била обвинувања за воени злосторства, додека друга сторија била на тема дека властите наводно сакале да ги шпионираат Австралијците.

Извршниот директор на „Њуз Корп Австралија“ на Твитер објави слика од редактираните насловни страници и ја повика јавноста да ја праша власта: „Што сакате да скриете од нас?“.

Иницијативата која започна денеска ја поддржаа неколку телевизиски, радио станици и онлајн медиуми.