Вештачката интелигенција учи да има предрасуди од луѓето

Истражувачи од Универзитетот на Вашингтон откриле дека алатка за вештачка интелигенција чија задача е да „вткајува зборови“, може да ги апсорбира и предрасудите сокриени во јазичните шаблони.

Оваа алатка им помага на компјутерите да наоѓаат смисол во јазикот, а се користи при пребарувањата на интернет и преводот, користејќи статистички пристап за да создаде математичка претстава на јазикот и значењето на зборовите.

Во истражувањето, објавено во весникот Science, машината требало да ги спои концептите опишани со зборовите кои го означуваат тој термин.

Истражувачите откриле дека на пример, зборовите „жена“ и „женско“, најчесто се поврзувале со работните места поврзани со хуманитарна работа и уметност и зборови поврзани со семејството, додека „маж“ и „машко“ се поврзуваат со математика и инженерство и зборови поврзани со кариера.

Истражувачите откриле дека вештачката интелигенција не прави неосновани претпоставки само кога станува збор за родот. Имено, системот ги поврзува евро-американските имиња со „попријатни“ зборови, а Афро-американските со „непријатни“.

Но, вината не е во алгоритамот, туку – во нас.

Џоана Брајсон, компјутерски научник од Универзитетот Бат и ко-авторка на истражувањето, вели: „Многу луѓе велат дека вештачката интелигенција има предрасуди. Не. Вештачката интелигенција покажува дека ние сме полни со предрасуди, а таа го учи тоа од нас“.