Вертикални жардиниери кои изгледаат како слики

Kim Fisher работи со дизајн и декорирање на градини и креативно советување од 2000 година. Неодамна создала вертикална стаклена жардиниера, која може да се закачи на ѕид и изгледа како слика.

Fisher на веб страницата Etsy продава полузатворени ѕидни жардинери, кои се специјално создадени за растенија без корени.

„Воздушните растенија“ вообичаено се припадници на родот Tillandsia, а апсорбираат вода и хранливи материи преку лисјата. Постојат повеќе од 700 вакви видови, а оние кои имаат корени вообичаено ги користат за да се укотват во почвата.

Извор: Bored Panda