„Верка“, „Репетитор“, „High control“ и „Лоши деца“ се специјални гости на „Лузер фест“

Метал бендот од Македонија „Верка“, истакнатиот пост-панк бенд „Репетитор“ од Србија, алтернативниот тетовски состав High control“ и бунтовниот панк бенд „ЛОШИ ДЕЦА“ од Скопје се специјалните гости што ќе настапат на 29 ноември (сабота) во Младинскиот културен центар (МКЦ) како дел од „Лузер фест“ кој е традиционален предвесник на главната фестивалска вечер на „Таксират“.

„Верка“, „Репетитор“, „High control“ и „Лоши деца“ се специјални гости на „Лузер фест“

Десетте финалисти на ова издание на „Лузер Фест“ се: AMBER VIRGA, CORTEX, CUTTING EDGE, KOLT, PROBLEM SOLVED, PROJECT 2501, THE PROTAGONIST, SKOPJE CREW (SKC), THE AUTHOR и TV RAGE.

По пауза од пет години „Лузер фест“ повторно им дава шанса на неафирмирани бендови да го покажат талентот. На 29 ноември ќе се претстават десетте финалисти кои ќе се борат за снимање албум во студиото „Марифет“ (мarryPHAT) на Ивица Јанкуловски – Штраф, а албумот ќе биде објавен под капата на „Пасворд Продакшн“. Исто така реномираните музички фестивали „ЕГЗИТ“ (Србија), „ПОХОДА“ (Словачка) и „ИНМЈУЗИК“ (Хрватска) самостојно ќе одберат еден од првите три рангирани бендови кои ќе сакаат да ги видат на една од сцените на нивниот фестивал.

Влезниците за „Лузер Фест“ 2014 ќе се продаваат на денот на одржувањето, на билетарата на МКЦ, по симболична цена од 100 денари.