„Вери Пери“, нова нијанса на лаванда сина, е бојата за 2022 година

Нова нијанса на лаванда сината боја, наречена „Вери Пери“ е избрана за бојата која најдобро ќе ја отслика 2022 година од експертите во компанијата Пантон.

Според компанијата, се работи за боја која ја комбинира смиреноста на сината, со енергетичен внес на црвена. Ова е прв пат компанијата да произведе целосно нова боја, наместо да го направи изборот од нивната постоечка архива на бои.

„Ни беше навистина важно да излеземе со нова боја, бидејќи ние имаме многу нова визија за светот сега. Бојата ја симболизира иднината. Има едно, такво, весело и ведро однесување… една безгрижна самоувереност и креативен дух“, вели Летрис Ејзман, директорката на Институтот за бои на Пантон за Си-Ен-Ен.

Пантон веќе 23 години прогласува боја на годината. Нивниот избор влијае врз развој на производите во голем број индустрии, од модата и декорирање на домот, преку индустрискиот и графичкиот дизајн.

Компанијата има тековна соработка со Мајкрософт, така што новата „Вери Пери“ боја треба во блиска иднина да се најде како главната нијанса на производите како „PowerPoint“, „Windows“, „Edge“ и „Teams“.