Венеција: „Златниот лав“ за „Гулабот…“ на Рој Андерсон

Шведската надреална комедија „Гулаб седи на гранка размислувајќи за постоењето“ на режисерот Рој Андерсон го освои престижниот „Златен лав“ за најдобар филм на 71-от Филмски фестивал во Венеција.

Венеција: „Златниот лав“ за „Гулабот...“ на Рој Андерсон

Рускиот автор Андрeј Кончаловски го освои „Сребрениот лав“ за „Белите ноќи на поштарот“, а Гран-при на жирито освои американскиот документарец „Погледот на тишината“ на Џошуа Опенхајмер.

Младата холивудска ѕвезда Адам Драјвер и италијанската актерка Алба Рорвахер се најдобри актери за улогите во „Гладни срца“ на италијанскиот автор Саверио Констанцо.

Венеција: „Златниот лав“ за „Гулабот...“ на Рој Андерсон

Емир Хаџихафизбеговиќ во „Такви се правилата“

Во паралелната програма „Хоризонти“ победи индискиот „Суд“ на Чајтанја Тамхане, а хрватскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ доби специјална награда за улогата во „Такви се правилата“ на Огњен Свиличиќ.