Свештеник во Венецуела ги повика своите сограѓани да ја обележат храната која ја фрлаат, за сиромашните кои собираат храна од контејнери да ја најдат полесно.
Недостигот од храна во државата е толку голем, што влијателниот свештеник и новинар, Хосе Палмар, апелира до сите граѓани да ја одделат храната за фрлање од останатото ѓубре и за и бездомниците да имаат што да јадат.
Земјата се соочува со сериозен недостиг на храна и основни добра веќе со месеци. Анкета спроведена во февруари покажа дека речиси три четвртини од населението изгубиле во просек 8,6 килограми во текот на 2016 година, бидејќи јаделе помалку, известува јужноамериканската веб страница Телесур.
Барањето храна во ѓубрето не е единствен метод кој го применуваат Венецуелците. Биолозите и студентите по биологија на Универзитетот Зулија тврдат дека вршат надзор на заштитените животни, бидејќи имало случаи на ловење за да бидат изедени.
Хералд вели и дека вранотените во комуналните служби забележале фрлени животински скелети, на кои имало знаци дека се изедени.