Венецуела ги забрани јавните протести пред изборите

Венецуела ги забранува протестите кои можат „да ги пореметат или да им влијаат“ на контроверзните избори во недела, за Собрание кое ќе треба да формира нов Устав.

Затворски казни меѓу пет и 10 години ќе бидат одредени за оние кои нема да ја почитуваат забраната, изјави министерот за внатрешни работи, Несто Реверол.

Повеќе од 100 лица беа убиени во насилството на протестите, кои се случуваат од април. Опозицијата гледа на смртните случаи како потег кон диктаторство.

Ситуацијата е влошена до тој степ, што САД им нареди на членовите на семејствата кои живеат во Амбасадата во Каракас да се евакуираат од државата. Исто така, и дозволија на своите дипломати во Венецуела да заминат од земјата доколку сакаат.

Претседателот Николас Мадуро вели дека неговите противници треба „да го напуштат патот на насилството“, додавајќи дека има волја да започне „дијалог на тркалезна маса во наредните часови“.

Сепак, дописникот на ВВС во Каракас, Вил Грант, вели дека со оглед на разликите помеѓу двете страни, сега е веројатно предоцна за преговори.

Моментално се случува генерален штрајк кој ќе трае 48 часа. Во четвртокот, во протест во северната држава Карабобо, почина 49-годишен маж.

Опозицијата се заколна дека ќе продолжи со масовните протести уште денес, и покрај нови преземени мерки за нивно згаснување.

Законот за протестирање ќе биде на сила од денес (петок), до вторник.

„Националните средби и демонстрации, концентрацијата на луѓе или било какво слично дело кое може да го попречи или да му влијае на нормалниот развој на избирачкиот процес, се забранети на целата територија на земјата“, изјави Реверол во телевизиско обраќање.

Тој додаде и дека ќе има високо обезбедување на улиците за време на избирачкиот период, а 96 места низ државата ќе бидат определени за „процесирање на изборни криминали“.

Опозициските политичари на Твитер ги охрабрија луѓето да се борат против забраната денес, нарекувајќи ја демонстрацијата „преземање на Венецуела“.

 

 

Новото Уставно собрание, кое ќе се состои од 545 членови, ќе биде ривал на Националното собрание, моментално контролирано од опозицијата, и ќе ја има моќта да напише нов Устав.

Претседателот Николас Мадуро ја правда новата институција, велејќи дека е начин да се донесе мирот на поделена нација.