Венеција најавува влезници за туристи и до 10 евра

Венеција од идното лето ќе може да им наплаќа влезници на сите посетители. Таксата ќе изнесува од 2,5 до 10 евра, во зависност од сезоната, а се воведува за да се ограничи масовниот туризам. Туристите досега плаќаа 1,5 евра такса за секоја ноќ мината во хотел или изнајмен стан.

Мерката ја одобри италијанската влада, а со неа се планира прилив на околу 50 милиони евра годишно приходи на градот. Дел од парите се веќе планирани во буџетот за 2019 година, усвоен овој икендов, по неколкумесечните несогласувања со Брисел.

Жителите на Венеција подолго време се жалат дека патниците кои остануваат само еден ден во градот и патниците со крузери, уживаат во Венеција без да платат. Според пресметките, такви се околу 15 милиони, од вкупно 24 милиони туристи што годишно го посетуваат градот.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро, истакна дека новата такса ќе генерира важен приход за одржување на хигиената во градот. Досега, трошоците за чистење на историскиот центар и за безбедноста ги сносеа жителите на Венеција.

Сепак, нејасно е дали новата такса ќе го замени градскиот данок што се наплќа од секое ноќевање на туристите, а кој носи приход од околу 30 милиони евра годишно.

Туристи веќе плаќаат сличен данок, за посета на малите еолски острови.