Велосипедска тура на Бистра

На 4 септември ќе се одржи тура за планински велосипедисти на планината Бистра. Стартот на турата е од селото Тресонче, а ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје. Притоа велосипедистите ќе извозат кружна патека од 56 километри на планината Бистра во која влегуваат селата Тресонче, Селце, Галичник и Лазарополе.

Сите заинтересирани за возење планински велосипед на Бистра можат да се пријават за учество преку веб страницата www.prvdovrv.mk и во недела да бидат дел од оваа групата која ќе вози на еден од најживописните предели во Македонија.

Турата е наменета за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планина и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на воз