Велосипедистката Тина Нестороска ја заврши Трансконтиненталната трка долга 3.700 километри

Тина Нестороска по вторпат ја извози Трансконтиненталната трка. Годинава рутата беше од Бургас до Брест, долга 3700 километри, кои Нестороска ги извози самостојно за 20 денови.

Трката која се одржува секоја година е една од најтешките на светско ниво, со траса која варира секое издание, а растојанието е помеѓу 3.200 до 4.200 километри.

Рутата се простираше од Бугарија и споменикот Бузлуџа на планината Балкан како прва контролна точка, а потоа низ Србија, Хрватска, Словенија, преку Јужен Тирол, до езерото Комо, Торино, Гренобл и Франција до финишот во Брест.

Нестороска, претходно, заедно со Горан Арсовски учествуваа на трката во 2017 година.

Нејзиниот резултат може да го погледнете на следниот ЛИНК.