Велосипедистите денеска ќе им помагаат на настраданите во поплавите

Скопските велосипедисти најавија дека попладнево ќе возат до Стајковци и Сингелиќ, каде ќе односат донации ќе им помагаат на луѓето кои изгубија се во поплавите во овој реон.

„ Драги сограѓани-точакџии верувам сите сочувствувате и длабоко ве погоди оваа трагедија со настраданите во невремето и поплавите. Исто така верувам дека ви е познат концептот на велодарност: носење помош на настрадани и загрозени луѓе во ранци и бисаѓи со точаци, па затоа дојде време како наша граѓанска должност да се организираме и да собереме колку што можеме и со точаците да отидеме да го доставиме до Стајковци, Сингелиќ и воедно да се понудиме на лице место да помогнеме во расчистување доколку е потребно“, се вели во најавата за акцијата.

Зборно место е паркингот пред поштата кај Железничка, каде од 16:30 до 17:00 часот, каде ќе се собираат и донации. Велосипедистите апелираат да се носи нерасиплива храна, хигиенски средства, облека, но и вода.