Велосипедист создава уметност возејќи по улици

Stephen Lund е уметник кој со својот велосипед и GPS програма создава уметност. Кога првпат ја употребил апликацијата Strava, што ја користат оние кои трчат и возат за да го следат нивното вежбање, го воочил потенцијалот позади овие едноставни статистики. На 1 јануари, минатата година, Lund  излегол на дневно возење и од љубопитност возел по улиците на канадскиот град Викторија и притоа направил рутата да изгледа како испишано „Среќна 2015!“.

„Беше многу забавно, а од друга страна, даде цел на моето возење со велосипед“, вели Lund.

Она што започна како грубо напишана порака, за една година прерасна во „GPS Doodles“, колекција од десетици пораки и слики низ мапата на Викторија. Неговиот пример, служеше како инспирација за многу други, а илјадници го следат преку неговиот профил на Strava и неговата веб-страница GPSDoodles.com.

Во продолжение, погледнете дел од неговото уникатно хоби.