Велосипеди-духови – сеќавање на изгубените животи

Бели велосипеди врзани за патокази и огради покрај улиците, познати како велосипеди-духови, служат како мрачни споменици на трагедиите кои секојдневно се случуваат во светот.

Секој од велосипедите претставува еден живот изгубен на велосипед. Њујорк, како и повеќе од 200 градови низ светот, се украсени со овие скромни велосипеди, кои се целосно бели, и имаат тенденција да се вклопат во градскиот пејсаж.

Велосипеди-духови - сеќавање на изгубените животи

 

Групата која ги создава овие велосипеди е целосно составена од волонтери. Повремено, семејствата и пријателите на жртвите помагаат во создавањето и поставувањето на велосипедите, во сеќавање на нивните сакани. Секој велосипед е изграден со едноставна цел: да ги потсети луѓето да забават, да бидат безбедни и да ги третираат другите со почит.

Велосипеди-духови - сеќавање на изгубените животи

 

Спомениците се поставуваат незабележливо. Откако волонтерите откако ќе го завршат велосипедот (велосипед направен само од основните делови и бојадисан во бела боја) го носат на местото на несреќата, го заклучуваат и заминуваат тивко.

Проектот започнал во Сент Луис, во американската држава Мисури во 2003 година, и полека стигнува до многу делови од светот. Оваа година се одржа десеттото спомен-возење во Њујорк, каде што велосипедистите заедно возеа до местата на возачите кои загинале во претходната година.

Велосипеди-духови - сеќавање на изгубените животи

 

На секој велосипед учесниците положуваат цвеќе, додека пријателите и семејството споделуваат спомени за жртвите, за тоа какви луѓе биле тие, како живееле и како загинале. Потоа, секој го крева својот велосипед над својата глава во знак на почит.

Една деценија од почетокот на акцијата за подигање на свеста за безбедноста на возачите на велосипеди, во Њујорк во 2014 година се случија 20 фатални несреќи, што е блиску до 24-те смртни случаи од 2005 година, кога за првпат започнаа да се појавуваат велосипедите-духови.

Велосипеди-духови - сеќавање на изгубените животи

Оттогаш, 150 споменици се поставени во и околу Њујорк, а тој е најголемиот град кој учествува во проектот.

На крајот на овогодинешното возење, велосипедистите заклучија еден ваков велосипед пред портите на градската сала во Њујорк и ги прочитаа имињата на 150-те велосипедисти кои загинале откако започнал проектот. Велосипедот стои таму како потсетник за несоодветните напори на властите за возењето на велосипеди да се направи побезбедно.