Вело родео денеска кај „Млечен“

Општина Карпош и здружението „Еко Логик“ организираат рекреативен настан кој ќе се одржи денеска, од 17:00 до 21:00 часот, во населбата „Владо Тасевски“, на платото на „Млечен“.

Тие ги повикуваат сите млади љубители во велосипедизмот да дојдат со својот велосипед и да бидат дел од „Вело родео“.

„Во вело – мрежата на „Еко Логик“ се вклучени десетте основни училишта во Карпош, што подразбира учество во континуираните активности со велосипед наменети за учениците, во организирање работилници и во напорите секое училиште и секоја населба да имаат подобра вело инфраструктура“, велат од општина Карпош.

Оттаму истакнуваат дека реализацијата на настанот ќе биде согласно сите протоколи за организирање на јавни настани. Задолжително е носењето на заштитна маска и одржување дистанца, а учесниците ќе имаат можност и за дезинфекција на рацете.