Вело патешествие: Разговор со Сергеј Гегај за лежипед

Како ли е чувството да се лежи и вози велосипед? Дали лицата кои возат лежипед се легачи? Како не паѓаат од точакот тие што возат лежипед? Крвта не им оди во глава на угорници на тие што возат лежипед?

Овие и еден куп прашања што се мотаат низ глава, ќе ги одговори Сергеј, денес во „Педала“. Тој ќе раскаже за неговите бројни авантури и за искуството да се вози лежипед.

„Кој знае, ако дојдете и го слушнете Сергеј, можеби следниот пат кога ќе се качите на велосипед ќе биде со легнување. 21 декември 2018 година во ‘Педала’ од 19 часот. Една поинаква инспирација за вашето следно Вело патешествие, или кураж вие да бидете следни да пренесете некакво искуство на Вело патешествие во ‘Педала’. Надвор снег паѓа, а ние имаме топол чај“, соопштуваат од „Педала“.