Вело патешествие: Разговор со Андон Сикавица во „Педала“

„Вулкани на една страна, ветар право в гради, од друга страна патот завршува во вода… и пак се тешиш дека е рамно… За тие што се спремаат да одат да го видат Исланд, Андон ќе ви каже како е тоа да се направи на точак. А за оние кои не планираат, Андон ќе ви го долови искуството на посета на Исланд како да сте биле. Може и ќе посакате“.

Ова е најавата за новото вело-патешествите на 28 февруари (четврток) од 19 часот во „Педала“.

„Една поинаква инспирација за вашето следно вело патешествие или кураж вие да бидете следни да пренесете некакво искуство на „Вело патешествие“ во ‘Педала’“, се вели во најавата за н астанот.

Инаку, социјалниот велосипедски центар „Педала“ е поддржан во дел од ЕУ и ЦИКП преку Смарт Старт проектот.