Вело-караван низ Скопје во недела

Во недела (3 октомври), со почеток од 11 часот ќе се вози велосипедски караван низ Скопје. Караванот долг 11 километри не е од натпреварувачки карактер, туку има за цел да поттикне поголема свест кај граѓаните и да промовира користење на алтернативен превоз во градот.

Учеството е бесплатно, но потребно е однапред пријавување на веб-страницата на настанот.

Пријавените учесници во периодот од еден час ќе можат да ги подигнат своите броеви-лепенки за велосипедот. Караванот ќе трае околу половина час, односно до 12:30 часот, а потоа ќе започне лотарија. Во лотаријата ќе учествуваат сите што имаат стартен број, а наградите ќе вклучуваат велосипеди и велосипедска опрема.

Караванот ќе се протега по следнава рута:

Започнува од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози право по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево, по улица М.Т.Гологанов и се вози право до католичка црква, се продолжува по М.Т.Гологанов, право по улица Димитрие Чуповски, право по Бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст на Р.М. каде се врти лево по Бул. Кочо Рацини се вози право преку мостот по Бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози право по Бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучуваме на бул. Илинден и завршуваме на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.

Организатор на настанот е Сојузот на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје.