Вело-центарот „Педала“ слави 1 година со дружба и „отворен точак пазар“

Оваа среда (28 август), вело-центарот „Педала“ слави една година. По тој повод се организира велосипедско-точкољупска дружба во центарот.

Активноста е еден начин за собирање средства кои ќе му помогнат на центарот да продолжи со работата. Досега тој функционира преку донации.

Покрај ова, од „Педала“ најавија и „отворен точак пазар“. Па така, ако некој има нешто за продавање и/или размена, а е поврзано со точаци, може да го донесе.

Претходно е пожелно да се пријави учество на pedala@inicijativi.org.mk.