Велика Британија ќе „аболира“ илјадници геј мажи со „Алан Туринг законот“

Хомосексуалните и бисексуалните мажи кои биле осудени поради „сексуални прекршоци“ кои сега се укинати, ќе добијат постхумна аболиција, најави владата на Велика Британија.

На илјадници мажи кои се сé уште живи, а биле осудени поради консензуални, истополови врски, исто така ќе им биде поништен „криминалот“.

Лордот Шарки од либерал-демократите, кој го предложил амандманот на Законот за приведување и кривични дела, вели дека станува збор за значајна промена.

Законот го носи името на математичарот и значајна фигура во Втората светска војна, Алан Туринг, кој го открил кодот на германската машина за кодирање, „Енигма“. Туринг бил уапсен и хемиски кастриран за „нечесност“, а беше аболиран во 2013 година, иако починал во 1954 година.

Сите починати мажи кои биле осудувани под вакви обвиненија ќе добијат автоматско извинување од владата. Сите оние кои се сé уште живи, пак, ќе можат да аплицираат во Министерството за внатрешни работи, за прекршокот да биде избришан од нивното кривично досие.

Но, бидејќи хомосексуалноста веќе не се смета за кривично дело, таквата ставка од досието секако веќе не се смета за прекршок.

Министерот за правда, Сем Гима, вели дека е „особено важно да им се извинат на луѓето кои биле осудени поради историски сексуални прекршоци, кои би биле невини за било каков криминал денес“.

Од вкупно 65 илјади мажи кои биле осудени додека хомосексуалноста и бисексуалноста сé уште биле кривично дело во Велика Британија, 15 илјади се живи.