Велика Британија ќе ја ограничи помошта за странските студенти

Велика Британија би можела да наметне нови ограничувања на финансиската помош која им ја доделува на странските студенти за да студираат на универзитети на Островот, пишува британски The Telegraph, а пренесе Макфакс.

Дипломите од Оксфорд, Харвард и Кембриџ

Британски министри најавиле дека рокот за време на кој учениците кои доаѓаат од земји-членки на ЕУ имаат право да претендираат за студентски кредити и грантови со кои ги покриваат трошоците за престој, би можел да биде продолжен на пет години.

Ова претставува затегнување на политиката во однос на европските студенти, кои во моментов имаат пристап до целиот спектар на финансиска помош по само три години во земјата.

Овој потег, кој ќе биде предмет на јавни консултации пред да биде реализиран, ќе ја прилагоди долготрајната аномалија, која им дава на учениците далеку поголема великодушна финансиска поддршка од секоја друга држава во ЕУ, коментира британскиот весник.

Веста доаѓа откако во понеделникот стана јасно дека средствата за кои претендираат студентите од земји како Романија, Бугарија, Полска, Германија, Франција и Ирска за покривање на нивните потреби, се зголемиле двојно за само три години.

Извор: Макфакс