Велешкиот театар со „Кралот Иби“ вечерва гостува на „Скопско лето“

Како дел од културната манифестација „Скопско лето“, вечерва (8 јули) на сцената на Македонскиот народен театар ќе гостува ансамблот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со претставата „Кралот Иби“ на Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски.

Насловната улога ја игра Зоран Љутков, а во актерската екипа се и: Зорица П. Панчиќ, Жарко Димоски, Фаик Мефаилоски, Марија Стефановска, Жарко Спасовски, Драгана Босниќ, Кирил Гравчев, Едмонд Сотир, Славица Манаскова…

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Александра Крнинова-Груев, а музиката е на Димитар Андоновски.

На програмата на „Кафе-кино“ во Сули ан, пак, во терминот од 21 часот ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Кругот“, снимен минатата година, во режија на Стефан Хаупт.