Вегански донаторски настан на 2 декември

„Веган 365 Кујна“ во недела (2 декември) од 12 часот го слави својот прв роденден.

Oд таму потенцираат дека оваа година, за жал, нема да има Вегефест, па тие ќе ја пополнат празнината и ќе организираат еден мини вегехепенинг со дружба со музика, храна и донации за животини.

„Истиот ден, Веган 365 Кујна ќе донира на движењето Храна, a не оружје кои секоја недела во 12 ч. бесплатно делат храна на градскиот плоштад во Скопје. Доколку сте во можност, ве охрабруваме да им донирате и вие. Само солидарна заедница е силна заедница!“, велат од „Веган 365 Кујна“.

Потенцираат дека за една година посетителите дури и ги надминале нивните очекувања.

„Многумина од вас неколку оброка во седмицата или во месецот заменуваат со нашите исклучиво растителни оброци. Многумина од вас кои не се ниту вегетаријанци за нашиот вегебургер велат дека е ‘најдобриот сендвич што го пробале во животот’. Ви благодариме за довербата и за поддршката, но ви благодариме од срце и за секоја искрена критика – ние растеме и стануваме подобри со вас и со вашите добронамерни совети“, соопштува „Веган 365 Кујна.

Во согласност со нашата мисија и визија нема како посоодветно да го одбележиме нашиот ден освен да организираме добротворен донациски настан. Во недела (2 декември) со почеток од 12 ч. попладне, па до 18 ч. ќе може да ги пробате нашите вкусни производи кои ќе може да ги добиете со донација.

Потенцираат дека настанот ќе трае до 18 часот и собраните средства ќе бидат искористени за помош и лекување на бездомни животинки.

„Дојдете да се журкаме и да уживаме во храната, а истовремено да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Подобар свет е можен, но промената почнува од тебе. Затоа, промени ја исхраната, промени го светот!“, велат од таму.