Вечерва завршна изложба на учениците од „Лазар Личеноски“

Учениците од прв до четврта година во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ вечерва организираат голема завршна изложба со почеток во 20:00 часот.

Изложбата е сочинета од слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, како и видеа, фотографии и дигитални принтови.

На изложбата ќе бидат додоелени и наградите за првенци на генарацијата, а ќе присуствува и амбасадорот на Република Италија, г-дин Андреа Силвестри кој ќе додели благодарници на учениците кои учествуваа во проектот реализиран со поддршка на Италијанската амасада, а со наслов ,,Canova Art Station“ работен по повод 200 години од упокојувањето на големиот скулптор Антонио Канова.