Вечерва затворање на изложбата „Духовите на Африка“ во Музеј на Македонија

Вечерва во 20 часот завршува изложбата „Духовите на Африка“ што посетителите можеа да ја видат последните два месеци.

Во рамки на настанот, професорот Никос Чаусидис ќе го одржи предавањето насловено како „Африкански елементи во културното наследство на Балканот“, во кое ќе ги акцентира митските и симболичките елементи поврзани со Африка и коишто се присутни на балканското поднебје.

По предавањето, Пенелопа Стаматоска од VR-port ќе го презентира 3D моделот на „Духовите на Африка“, кој ќе овозможи виртуелна прошетка низ изложбата дури и откако ќе биде затворена.

Исто така ќе се направи и презентација што ќе ја сумира изложбата и придружните настани поврзани со неа, а потоа ќе се одржи и последното разгледување на изложбата кое ќе биде проследено со африканска музика.