Вечерва започнува второто издание на „Паратисима Скопје“

Вечерва во 20.30 часот во Младинскиот културен центар ќе биде отворено второто издание на интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ што ќе трае до недела.

Главната изложба на Паратисима Скопје е домаќин на повеќе од сто автори од локалната и интернационалната уметничка сцена, вклучувајќи ги и Јужна Кореа, Америка, Иран, Италија, Грција, Црна Гора, Србија, Русија, Австрија, Норвешка, Данска.

На отворањето, покрај главната изложба, ќе бидат изведени три авторски перформнси и два концерти помеѓу кој и концертниот настап на еден од основачите на The Bad Seeds на култниот Nick Cave.

За време на викендот Паратисима Скопје ќе ѝ биде отворена на јавноста од 10.00 – 22.00 часот и ќе понуди богата програма која покрај изложбениот дел вклучува и концерти, работилници, перформанси, видео проекции, поетски читања и бројни други мултимедијални содржини.

Влезот на Паратисима Скопје е бесплатен.

Целосната програма на Паратисима Скопје е достапна ОВДЕ.