Вечерва премиера на операта „Севилскиот бербер“ во МОБ

Вечерва со почеток во 20 часот, во реновираниот Салон на Македонската опера и балет ќе се одржи премиера на операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.

Авторската екипа е составена од диригент Џанлука Мартиненги (Италија), новоназначениот шеф-диригент во Македонската опера и балет за наредната сезона. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), асистен режисер Љупка Јакимовска, сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, светло дизајн Васко Лисичов, концерт мајстор Верица Ламбевска, асистент хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат Фигаро – Марјан Јованоски, Розина – Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива – Благој Нацоски, Дон Базилио – Владимир Саздовски, Дон Бартоло – Небојша Бабиќ (Србија), Берта – Николина Јаневска, Злата Тошевска, Фиорело – Кристијан Антовски, Амброзио – Саша Смилевски.

Репризата на ова најизведувано дело на Росини е закажана за четврток, 27 октомври.

На репризата диригент ќе биде Иван Еминовиќ, во улогата на Розина ќе настапи Биљана Јосифов, а во улогата на Гроф Алмавива, Роберто Јакини Вирџили од Италија. Во останатите улоги настапуваат изведувачите од премиерата.