Вечерва почнува зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да се укине сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.