Вечерва почнува „Скопското летно кино“

Во рамки на „Скопско лето“, вечерва во Кинотеката на Македонија, а со проекција на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи, се отвора „Кинотечното скопско летно кино“.

„Соба со пијано“ на Игор Иванов

Во наредните денови секоја вечер од 21 часот ќе биде прикажуван филм од светската кинематографија.

Во галеријата Даут-пашин амам, пак, вечер од 20.30 часот ќе настапи македонското трио „Академико“, составено од пијанистката Наташа Трбојевиќ, флејтистката Златка Митева и кларинетистот Бранко Павловски.

На програмата се дела од Азарашвили, Кавалини, Саламон, Еванзен и Сен-Санс.