Овој викенд на небото ќе може да се забележи метеорскиот дожд Персеиди. Тој ќе започне во ноќите помеѓу сабота (11 август) и понеделник (13 август).
Метеорскиот дожд почнува да произведува „ѕвезди што паѓаат“ секоја година околу средината на јули, пред да стане поинтензивен.
До средината на август, Земјата ги спојува патиштата со орбиталните остатоци од кометата што спектакуларно го интензивира метеорскиот дожд. Кога е најинтензивен, персеидскиот метеорски дожд може да произведе до 100 метеори на час.
Претходните метеорски дождови произвеле до 200 метеори на секој час, а оваа година астрономите се надеваат на 50 до 60 на час. Се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде особено блескав благодарение на затемнетата фаза на Месечината.
Според астрономите, метеорскиот дожд ќе биде најинтензивен во недела (12 август) и во понеделник наутро (13 август).