Полната месечина вечерва ќе биде невообичаено голема и тоа ќе биде една од ретките можности за набљудување на т.н. супер месечина.
Терминот се користи за полна месечина, која „расте“ кога нашиот сосед се наоѓа релативно близу до нашата планета. Таа оддалеченост варира, бидејќи сателитот на Земјата следи елиптична орбита. Кога е полна и близу Земјата, изгледа поголема и посветла од вообичаено.
Месечината денеска, кога ќе се појави на хоризонтот на набљудувачите ќе им изгледа огромна, но тоа е само илузија предизвикана од нејзината моментална позиција на небото.
Ова лето не очекуваат уште две супер месечини, на 10 август и на 9 септември, пренесе МИА.