Вечери на женски права од 7-12 март

Седмото издание на „Вечерите на женски права“ како културна алтернатива на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената (8 март), оваа година ќе се одржи од 7 до 12 март.

На 7 март, во 20:00 часот во КИЦ Скопје ќе се отвори изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“. Следниот ден, на 8 март во хотелот Холидеј Ин е најавена Национална конференција за одбележување на 10 годишнината од Законот за еднакви можности на жените и мажите: „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.

Истиот ден, во 13 часот, во КИЦ Скопје ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата
Историја на жените на западот: „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје. Промотори се професорите Слободанка Марковска и
Денко Скаловски. Вечерта пак во 
Кинотека на Македонија ќе има проекција на филмот „Слободниот глас на Египет, – Навал Ел Садави во режија на Констанзе Буркард, по што ќе следи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.

Програмата продолжува во среда, 9 март во Кинотека на Македонија со проекции на филмовите „Танџер Гол“, на режисерот Хуан Готје и „Да си ја знаеш слободата“, во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По него ќе се дебатира на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.

На 10 март во Кинотека е најавена проекција на полскиот документарец „Солидарност од женски аспект“ и дебатата „Родовата еднаквост на политичката агенда“, додека на 11 март ќе може да се погледне српскиот филм „Аристофан во Днопоље“ и дебатата „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.

Вечерите на женски права 2016 ќе бидат затворени на 12 март, кога во Кинотека е најавена проекцијата на „
„Бог не работи во недела“, во германдско-руандска продукција и по режија на Леона Голдштајн.